top of page

Сакате побрзо и побезбедно да купите стан или куќа? Оваа постапка е клучот

  • Writer: Advokat Todorovic
    Advokat Todorovic
  • May 26, 2025
  • 2 min read





Кога станува збор за купопродажба на недвижен имот, најчесто се применува класичната постапка – договор се потпишува кај адвокат, потоа се доставува до Град Скопје, па потоа се чека оданочување, уплата на данокот, уплата на купопродажна цена пренос на сопственост со потпишување на солемнизација кај нотар и на крајот, издавање на имотен лист. Во пракса, ова трае најчесто неколку недели, а понекогаш и над еден месец.

Но постои друга, далеку поефикасна и побезбедна постапка која е целосно законска, но за жал – многу малку применувана.


Што претставува „VIP“ постапката при купопродажба на недвижности?


Станува збор за постапка со целосна нотарска координација, при која:

·       се избегнува класичното поднесување документи до Град Скопје за оданочување,

·       целиот процес се спроведува во само 2 до 3 дена, и

·       се добива имотен лист на име на новиот сопственик во рекордно краток рок.

Клучниот момент е тоа што данокот и купопродажната цена се уплаќаат истиот ден на нотар, на денот на солемнизацијата  на договоротот. Потоа, договорот нотарот го доставува до надлежната институција за пренос на сопственоста.


Безбедност на највисоко ниво


Оваа постапка нуди сериозно повисоко ниво на правна сигурност:

·       Нема простор за манипулации – сите средства се уплаќаат на денот на солензизација на нотар.

·       Веднаш се стекнува владеење, бидејќи купопродажната цена е во целост исплатена.

·       Нотарот потврдува дека сите услови се исполнети уште истиот ден.


Брзина што прави разлика


За разлика од класичната постапка која може да потрае и над 30 дена, овде целиот процес – од потпишување до имотен лист – може да се заврши во 2 до 3 дена.


Цената? Речиси иста


Иако звучи како премиум услуга, оваа постапка не е значително поскапа. Во многу случаи, вкупната цена за изготвување, солемнизација  и спроведување е приближна или идентична на стандардната.


Зошто тогаш ја користат помалку од 0.1% од граѓаните?


Причината е едноставна – недоволна информираност. Иако оваа постапка е предвидена во законодавството веќе неколку години, не се применува често поради:

·       недостиг на јавно објаснување,

·       слаба едукација на купувачите и продавачите, и

·       конзервативни навики кај дел од практичарите.


Заклучок


Како адвокатска канцеларија со искуство во недвижности, препорачуваме на сите клиенти да ја разгледаат оваа можност, особено кога станува збор за имот од повисока вредност или ситуации каде е важна брзината и сигурноста.


Ова не е алтернатива – ова е надградена постапка која секој купувач и продавач заслужува да ја знае.

Доколку размислувате за купопродажба – консултирајте се со адвокат кој ја применува оваа постапка и побарајте вистинска ефикасност и заштита.

Сакате да знаете дали оваа постапка е применлива за вашата трансакција? Контактирајте нè за бесплатна првична консултација.

 
 
 

Comments


Разговарајте со нашите адвокати

Главен кварт

Закажете консултации со нашиот тим имајте доверлив правен партнер низ клучните моменти, со персонализиран пристап прилагоден на секој клиент.Ние веруваме во обезбедување на јасни и применливи правни решенија преку стратешки насоки и докажани решенија.

Контактирајте не за да закажете правна консултација

Изберете Пракса
bottom of page