ДОГОВОР ЗА ЗАКУП ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ИЗНАЈМИТЕ НЕДВИЖНОСТ?
- Advokat Todorovic
- Jun 3, 2025
- 2 min read

Изнајмувањето недвижен имот – без разлика дали се работи за стан, куќа или деловна просторија – не е едноставна формалност. Тоа е правен однос што често, ако не е правилно поставен од почеток, може да доведе до сериозни последици.
Најчестите ризици со кои се соочуваат сопствениците:
· Ненаплатена кирија – закупецот престанува да плаќа, а сепак останува во имотот.
· Оштетувања на покуќнината – уништени апарати, мебел или делови од ентериерот.
· Неплатени комунални трошоци – сметки што остануваат на товар на сопственикот.
· Закупец кој одбива да се исели, дури и ако имате договор заверен кај нотар.
Овие штети често се поголеми од вкупната вредност на закупнината – и не ретко завршуваат во долготрајни судски спорови.
Имам нотарски договор – тоа ме штити, нели? Не секогаш.
Иако договорот може да биде заверен на нотар, ако не содржи извршни клаузули, во пракса тоа значи дека:
· не може веднаш да се иницира принудно иселување,
· мора да покренете судска постапка,
· а таа, според искуството, може да трае и повеќе од 2 години.
И додека трае судскиот процес – закупецот и понатаму ја користи вашата недвижност, без надомест, со можност за нови штети.
Како да се заштитите?
Секогаш склучувајте детален договор за закуп, изработен од адвокат, а не од шаблон од интернет.
Побарајте договорот да содржи извршна клаузула – тоа ви овозможува, во случај на прекршување, веднаш да поведете извршна постапка преку извршител, без судење.
Договорот солемнизирајте го кај нотар – трошокот е мал, но правната сила е значително поголема.
Зошто ова е важно?
Ќе можете брзо да реагирате ако закупецот не плаќа.
Ќе можете законски да го иселите ако го користи имотот без право.
Ќе имате основ за обештетување за направени штети.
И што е најважно – ќе имате мир и сигурност за вашиот имот.
Заклучок
Изнајмувањето недвижност не е само договор, туку правен однос со реални ризици. Не препуштајте на случајност. Со соодветно подготвен и солемнизиран договор, вие како сопственик ќе имате целосна контрола и сигурност над својот имот.
Пред да го изнајмите вашиот имот – консултирајте се со адвокат. Ви заштедува време, пари и нерви.


Comments