
Ние сме...
Посветени на нашите клиенти повеќе од 25 години и илјадници случаи
Адвокатската канцеларија Тодоровиќ е реномирана аадвокатска канцеларија со долга традиција, основана од адвокат Велимир Тодоровиќ – истакнат правник со повеќе од 40 години континуирано искуство во различни области на правото. Неговата визија за обезбедување на високо професионални и етички правни услуги ја постави основата за континуираниот раст и силниот углед на канцеларијата.
Во согласност со потребите на современиот правен пазар, канцеларијата денес ја води адвокат м-р Дејан Тодоровиќ, кој ја продолжува традицијата на правна извонредност, професионален интегритет и силна посветеност кон клиентите. Под негово раководство, канцеларијата се фокусира на обезбедување на стратешки правни решенија и персонализиран пристап прилагоден на потребите на секој клиент – без разлика дали е домашен или странски.
Нашата канцеларија им нуди правни услуги на домашни и меѓународни клиенти, во следниве области:
-
Судски постапки
-
Граѓанско право
-
Даночно право
-
Финансиско право
-
Наплата на побарување и извршување
-
Трудово право, работни дозволи и дозволи за престој на странци
-
Управно право
-
Облигационо (деловно) право
-
Трговско право
-
Корпоративно право
-
Казнено право
-
Странски инвестиции
-
Застапување пред меѓународни институции, судови и арбитражи
-
Интелектуална сопственост
-
Итн.
Дополнително, нашите услуги вклучуваат:
-
Анализа на закони и прописи поврзани со областите од интерес на клиентите
-
Работно законодавство – изработка на одлуки во областа на работните односи, подготовка на договори за вработување и менаџерски договори, консултации за трудови прашања и застапување во спорови поврзани со откази, исплата на плати и слични прашања
-
Пријава и одјава на вработени и водење постапки за остварување на права на пензија
-
Водење постапки за запишување или промена на правото на сопственост над недвижен имот
-
Основaње и промени кај сите видови трговски друштва, институции и слични субјекти
-
Застапување во извршни постапки
-
Застапување пред надлежни државни институции и органи на локалната самоуправа
Адвокатската канцеларија Тодоровиќ има организирано бројни стручни советувања, обуки и правни анализи за компании, институции и индивидуални клиенти, со цел унапредување на правната свест и ефективна примена на законските стандарди.
Со седиште во Скопје, канцеларијата обезбедува правни услуги во Република Македонија и на меѓународно ниво, преку мрежа на стратешки партнери и соработници.
Нашиот пристап
Веруваме во обезбедување на јасни и применливи правни решенија. Нашата пракса се темели на три основни принципи:
• Прецизност во правното толкување
• Транспарентна комуникација со клиентите
• Проактивно решавање на проблеми
Вашиот правен партнер
Без разлика дали сте филичко лице, јавна институција, растечка компанија или странски инвеститор, ние обезбедуваме правна услуга, сигурност и стратешко водење потребно за остварување на вашите цели на македонскиот пазар.

Вредности што нè водат
01
Непоколеблив интегритет
02
Доверлив партнер
03
Посветеност
04
Применливи правни решенија
05
Застапување на клиентите
Кариери
Ова е просторот за да им се каже на луѓето како е да се работи со бизнисот. Опишете ја културата на тимот и зошто луѓето уживаат да бидат дел од него. Охрабрете ги квалификуваните гледачи да аплицираат за отворени позиции и кажете им како да ги поднесат своите апликации.
Разговарајте со нашите адвокати
Главен кварт
Закажете консул тации со нашиот тим имајте доверлив правен партнер низ клучните моменти, со персонализиран пристап прилагоден на секој клиент.Ние веруваме во обезбедување на јасни и применливи правни решенија преку стратешки насоки и докажани решенија.
Контактирајте не за да закажете правна консултација





