top of page

ИЗМАМИ СО ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ – КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ?

  • May 26, 2025
  • 2 min read



КАКО ДА СЕ ЗАШТИТЕ!!!
КАКО ДА СЕ ЗАШТИТЕ!!!

Се појави платен налог за кредит што никогаш не сте го зеле? Внимавајте!


Последниве неколку години се почесто се случува граѓани да бидат изненадени со платен налог за наплата на „брз кредит“ за кој воопшто не аплицирале. Често, тие не знаат ни дека некој подигнал кредит на нивно име – сè до моментот кога ќе добијат опомена или известување од нотар.

Во овие ситуации, брзата реакција е клучна.


Како доаѓа до вакви случаи?


Најчесто, станува збор за злоупотреба на лични податоци: име, презиме, ЕМБГ, адреса, број на лична карта – податоци кои во денешно време, за жал, не е тешко да се „пронајдат“ или одземат.


Откако измамникот ќе ги добие тие информации, преку интернет – или дури и само телефонски – аплицира за кредит кај некое финансиско друштво за брзи кредити. Многу од овие друштва имаат толку поедноставени процедури, што кредитот може да биде одобрен без лична идентификација или физичко присуство.


За разлика од банките, финансиските друштва за брзи кредити во Македонија се предмет на поблага регулатива, што создава простор за:

·       Пропусти во процедурите за идентификација,

·       отсуство на реална верификација,

·       прифаќање на апликации само по телефон или онлајн формулар.

Тоа, за жал, овозможува било кој со ваши лични податоци да аплицира во ваше име.


Реален пример од нашата пракса


Имавме клиентка која во нашата канцеларија дојде видно вознемирена – добила платен налог за износ од 162.854,00 денари. Според документот, таа подигнала брз кредит преку телефон. Но ниту побарала кредит, ниту ги подигнала парите вордно не потпишала договор.

Нашата анализа покажа:

·       Податоците се точни, но нема трансакција кон неа лично – парите биле испратени на интернет-страница.

·       Во полиција го пријавивме случајот и се прибавија снимки и податоци од апликацијата.

·       Поднесовме приговор до нотарот, при што друштвото го повлече побарувањето.

Во конкретниот случај, постоеја сомнежи и дека вработени од самото друштво за брзи кредити се инволвирани. Звучи неверојатно, но вакви примери не се реткост.


Што треба да направите ако сте жртва?


1.     Поднесете пријава до полиција – веднаш.

2.     Обратете се кај адвокат, за да се изготви соодветен приговор.

3.     Поднесете приговор до нотарот кај кого е издаден платениот налог без одлагање, бидејќи роковите се кратки и строгo одредени.

4.     Не плаќајте ништо додека не се утврди фактичката состојба.


Како да се заштитите?


·       Не давајте лични документи преку социјални мрежи или во несигурни апликации.

·       Редовно проверувајте дали имате пријавен долг, каква е вашата кредитна состојба.

·       Ако некој бара ваши податоци по телефон или email – бидете внимателни.

·       Разговарајте со адвокат ако добиете дури и само сомнителна опомена.


Заклучок


Измамите со лични податоци и лажни брзи кредити се реален и растечки проблем. Не сте должни да плаќате кредит кој не сте го побарале, но ако не реагирате навреме – може да се соочите со извршители, судски трошоци и голем стрес.

Не чекајте да стане доцна. Ако добиете платен налог, не паничете – туку веднаш побарајте стручна правна помош.


🎯 За сите правни прашања поврзани со злоупотреба на лични податоци, кредити и платни налози – стоиме на располагање.

 
 
 

Comments


Разговарајте со нашите адвокати

Главен кварт

Закажете консултации со нашиот тим имајте доверлив правен партнер низ клучните моменти, со персонализиран пристап прилагоден на секој клиент.Ние веруваме во обезбедување на јасни и применливи правни решенија преку стратешки насоки и докажани решенија.

Контактирајте не за да закажете правна консултација

Изберете Пракса
bottom of page